Романија ќе ја добие првата паметна улица

23

Романскиот град Клуж Напока ќе ја добие првата паметна улица во земјата, базирана на пилот проект којшто има за цел да создаде повеќе место за пешаци, но и технолошка достапност за сите.

Улицата којашто се наоѓа во населбата Марасти, ќе добие улични клупи каде што минувачите ќе можат да ги полнат своите мобилни телефони, јавува Digi24.

Освен тоа ќе се постават и модерни улични светла со LED осветлување во коишто ќе има вградено WI-FI системи за јавен пристап до интернет, а ќе бидат имплементирани и постојки за полнење на електрични велосипеди, автомобили и скутери.

Во проектот вклучено е и садење на 50 дрвја долж улицата.

Фото: Pixabay