Романија минатата година извезла информатички услуги во висина од 2,5 милијарди евра, пишува Romania Insider. Тој износ во споредба со претходната 2015 година е пораст од 16%.
Суфицитот во меѓународната трговија со ИТ услуги достигна 1,7 милијарди евра, што е за 23% повеќе во однос на претходната година, а двојно повеќе во споредба со периодот пред четири години.
Извозот на ИТ услуги зафаќа 14% од вкупниот извоз на услуги на земјата.
Романија во текот на 2016 година извезла услуги во вкупна вредност од 17,6 милијарди евра, што е за една милијарда евра повеќе во однос на 2015 година. Од друга страна, увозот се зголеми за 200 милиони евра со што достигна 10 милијарди евра.