Романија: Над 37.000 ИТ експерти ја напуштиле земјата за 20 години

36

Над 37.000 ИТ експерти од Романија ја напуштиле земјата во последните 20 години, пренесуваат тамошните медиуми.

Околу 30% од ИТ експертите од Романија, што ја напуштија земјата, заминаа во САД и Канада, 60% заминале во другите европски земји (13% од нив во Велика Британија), а останатите 10% заминале во Азија или други делови во светот.

Романија има дефицит од 15.500 ИТ експерти годишно, што е една од главните пречки и предизвици за ИТ компаниите кога станува збор за вработување. Во меѓувреме, локалните универзитети нудат само околу 9.500 дипломирани студенти за ИТ секторот, од кои една третина се во Букурешт.

Фото: Pixabay