Романскиот премиер Виктор Понта го стави под знак прашалник воведувањето на еврото во Романија во 2015 година, што досега беше официјален став на владата.
“Рокот за влез во еврозоната не е врежан во камен”, изјави Понта и додаде дека Романија и понатаму ќе ги презема сите можни напори да ги исполни условите за воведување на еврото, како што е пропишано со Договорот од Мастрихт.
“Важно е да се почитуваат критериумите на конвергенција, кои се однесуваат на инфлација и дефицит”, истакна Понта.
За влез во еврозоната, потребно е да се исполнат пет критериуми, меѓу кои одржување на буџетскиот дефицит на ниво под 3% БДП, како и ниска инфлација.
Гувернерот на Романската централна банка, Мугур Исареску, изјави за The New York Times дека воведувањето на еврото во 2015 година повеќе не е на дневен ред.