Романија се откажува од еврото?

34

Романскиот премиер Виктор Понта го стави под знак прашалник воведувањето на еврото во Романија во 2015 година, што досега беше официјален став на владата.

“Рокот за влез во еврозоната не е врежан во камен”, изјави Понта и додаде дека Романија и понатаму ќе ги презема сите можни напори да ги исполни условите за воведување на еврото, како што е пропишано со Договорот од Мастрихт.

“Важно е да се почитуваат критериумите на конвергенција, кои се однесуваат на инфлација и дефицит”, истакна Понта.

За влез во еврозоната, потребно е да се исполнат пет критериуми, меѓу кои одржување на буџетскиот дефицит на ниво под 3% БДП, како и ниска инфлација.
Гувернерот на Романската централна банка, Мугур Исареску, изјави за The New York Times дека воведувањето на еврото во 2015 година повеќе не е на дневен ред.