Фото: Pixabay
Продажбата на еколошки автомобили во Романија, вклучувајќи и хибридни и електрични возила, достигна бројка од 1.237 во текот на седумте месеци од оваа година, што е три пати повеќе во споредба со истиот период лани, пишува Romania Insider.
Продажбата на еколошки возила опфаќа 1,8% под вкупната продажба на автомобили во Романија во текот на овој период.
BMW беше најпопуларен бренд меѓу електричните возила, со продадени 40 автомобили во Романија во текот на седумте месеци од годинава. Потоа следи Renault со 18 возила, додека на трето место се: Audi, Mitsubishi и Volkswagen со по девет продадени возила.