Романска Dacia со промет над пет милијарди евра во 2017

41

Фото: Pixabay

Dacia, најголемиот романски произведувач на атомобили, којшто е дел од француската групација  Renault, во 2017 година го зголеми својот промет за 11,45%, односно 5,1 милијарди евра, пишува Romania Insider.

Извозот на компанијата којшто вклучува 92,6% од вкупната продажба исто така е зголемен за 10%.

Споредбено со 2016 година, за 9% е зголемен и бруто профитот на компанијата, којшто минатата година достигнал 120,5 милиони долари, а вкупните инвестиции на Renault од преземањето во 2000 година достигнаа речиси 2,3 милијарди евра.

Минаната година брендот Dacia продаде 655.000 автомобили, што е нов рекорд, но само 312.000 од нив беа произведени во Романија, останатите автомобили се произведуваа во другите фабрики на Renault ширум светот. Споредбата на овие бројки со 2016 година покажува намален број на произведени автомобили во Романија, но и покрај тоа прометот е зголемен благодарение на зголеменото производство на Dacia Duster, популарниот SUV модел на компанијата којшто е далеку поскап од останатите модели.