Романска Dacia со рекордно ниво на продажба на автомобили во Франција

41

dacia-duster-facebook

Фото: Facebook

Романскиот автомобилски бренд Dacia забележа рекордно ниво на продажба во Франција во 2017 година, пишува Romania Insider.

Во текот на минатата година, се продадени 119.357 автомобили во Франција, што претставува раст од 6,5%. Овие бројки во исто време ѝ помагаат и на компанијата – мајка Renault да оствари најдобар резултат на домашниот пазар во изминатите шест години. Продадени се вкупни 673.869 автомобили, што е за 3,4% повеќе во споредба со 2016 година.

Со овие остварени резултати, романскиот бренд го зацврсти петтото место на францускиот пазар.

Моделот Sandero е најпродаван автомобил на Dacia во Франција, но Duster SUV, исто така, забележа зголемен обем на продажба во текот на минатата година.