Романската централна банка ја зголеми каматната стапка на 6,25 отсто

63

Народната банка на Романија ја зголеми референтната каматна стапка на 6,25 отсто.

Зголемувањето на каматната стапка за 0,75 процентни поени ги изненади инвеститорите кои очекуваа раст од 0,5 поени.

Во образложението на централната банка се наведува дека годишната инфлација најверојатно ќе остане на нагорна траекторија до крајот на годината под влијание на шокови на страната на понудата, но со побавна стапка од досегашната.

Годишната инфлација во август во Романија изнесува 11,2 отсто.