Романски студенти креираа стол што предупредува при неправилно седење

45

books-1840463_960_720

Фото: Pixabay

Четири студенти од Техничкиот универзитет Клуж-Напока, во западна Романија, дизајнираа паметен стол којшто го предупредува корисникот ако седи во неправилна положба на телото или ако поминал премногу време седејќи, пишува Romania Insider.

Студентите Џорџ Флутур, Јотан Данци, Ленгиел Кароли и Мовилеану Богдан моментално бараат партнер кој ќе им помогне во производство и пласирање на пазарот.

Паметниот стол е опремен со шест сензори коишто испраќаат податоци до сервер од каде истите се проверуваат со помош на телефон или компјутер. Доколку корисникот седне во неправилна положба добива опомена. Освен тоа може и да се следи седењето во реално време и да се прегледаат претходните податоци од држењето на телото.