Фото: Betty Ice
Романскиот произведувач на сладолед Betty Ice е на продажба, а за оваа компанија се заинтересирани големи инвеститори како приватните еквити фондови Mid Europa Partners, Abris Capital Partners, Enterprise Investors, пишува Romania Insider.
Betty Ice е основана 1994 година и е моментално најголемиот независен произведувач на сладолед во Романија. Во 2015 година компанијата имаше обрт од околу 26 милиони евра и нето профит од пет милиони евра. Во Betty Ice се вработени 600 луѓе, а нејзината вредност е проценета на околу 50-60 милиони евра.