Ronin Network со помош на Binance им враќа пари на клиентите

82

Ronin Network, компанијата за криптовалути и игри NFT која беше хакирана минатиот месец, објави дека ќе ги надомести исчезнатите суми на клиентите. Вкупната сума на украдени виртуелни пари се проценува на над 600 милиони долари.

Хакерите ја „исцедија“ платформата Ronin на 23 март откако искористија безбедносен пропуст. Изостанатите суми им припаѓаат на луѓе кои учествувале во играта Axie Infinity. Закрепнувањето е можно по операција која компанијата ја опишува како „инекција во готовина“, објави Би-Би-Си.

Ronin потврди дека сите пари сега ќе бидат безбедни по вбризгувањето на готовина од страна на гигантот за криптовалути Binance. Тој инвестираше 150 милиони долари во компанијата. Останатите пари што им се должат на клиентите ќе бидат исплатени од готовинските резерви, се вели во соопштението. Паралелно, компанијата работи со органите на прогонот за враќање на остатокот од парите.

Ronin Network е директно поврзана со Axie Infinity, која има милиони играчи ширум светот, но најмногу на Филипините. Таму, игрите станаа активност со полно работно време и потенцијално профитабилна „професија“.

Во рамките на играта, учесниците мора да ги победат малите анимирани суштества наречени „акси“. На овој начин, луѓето можат да заработат пари во форма на криптовалути и да собираат незаменливи токени (NFT) во играта. Ronin Network им овозможува на играчите да ги разменат дигиталните монети што ги заработуваат во Axie Infinity со други криптовалути како што е Ethereum.

Компанијата призна дека биле потребни шест дена за да забележи дека хакер искористил безбедносно нарушување за да ја исцеди криптовалутата – за кое време вредноста на монетите се зголемила од 540 милиони долари на 615 милиони.

Случајот е дефиниран од експерти како втор најголем крипто-хак во историјата на оваа технологија и најнов во серијата масовни кражби на криптовалути во минатата година во вкупна вредност од повеќе од 2 милијарди долари.