Рош станува еден од трите најголеми играчи во борбата против дебелината

Швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ има за цел да стане еден од трите најголеми играчи во борбата против дебелината на глобално ниво, претставувајќи потенцијален предизвикувач за гигантите „Ново Нордиск“ и „Ели Лили“, бидејќи еден од своите експериментални лекови за слабеење го префрла во испитувања во доцна фаза.

– Сакам да знаете дека ја сфаќам сериозно оваа цел – изјави Тереза ​​Греам, извршен директор на „Рош Фармацевтикалс“, пред инвеститорите и аналитичарите на „Рош Фарма Деј“ во Лондон.

Греам истакна дека „Рош“ „знае како да продре на нови пазари“.

Инјекција за слабеење

Швајцарскиот производител на лекови претходно оваа недела изјави дека неговата инјекција за слабеење CT-388 влегува во третата (последна) фаза од испитувањата, пред компанијата да може да побара регулаторно одобрение.

„Рош“ во моментов нема одобрени лекови за дебелина на пазарот, но Греам рече дека компанијата има за цел да ја лансира својата целосна линија на третмани до 2030 година.

Пазар за вишок килограми

Пред неколку дена, компанијата Roche дополнително ја зајакна својата понуда со договор за купување на американската биотехнолошка компанија 89bio, придружувајќи се на конкурентите во развојот на нови третмани за заболувања на црниот дроб кои ги надополнуваат лековите за слабеење.

Греам им рече на инвеститорите дека е уверена дека растечкиот асортиман на лекови „кандидати“ на Roche ќе помогне да се зголемат нејзините шанси за успех на сè поконкурентниот пазар на лекови за слабеење.

Јихан Ли, фармацевтски аналитичар во Barclays, рече дека целта на Roche е да стане еден од трите водечки играчи во борбата против дебелината и забележа дека следната година ќе биде „голема година“ за нивните испитувања.

– Пазарот на лекови за дебелина во моментов е само дуопол. Прашање е каква ќе биде разликата помеѓу „Рош“ и другите две компании, кои во моментов доминираат на пазарот на оваа група лекови – рече ЛИ.