Ross Limited – најскапото чоколадо во светот

17

ross-900

Компанијата Ross Limited со седиште во Астана, Казахстан ја создаде најскапата чоколада во светот, пишува Hauteliving.

Станува збор за пакување од шест мали чоколади со различен вкус и форма, сместени во сфери од чисто вулканско стакло, прекриени со злато. Секоја од сферите со својот различен облик претставува еден од природните елементи: оган, вода, земја, воздух, вакуум и етер.

Креаторот на оваа слатка колекција е Адилкан Сартаев, а како инспирација за истата му послужиле легендарните холивудски диви како Вивиен Ли, Мерилин Монро и Одри Хепберн. Според него овие три дами ни покажале што е всушност убавина и со овие префинети слатки тој сака да им оддаде почит.

Цената на оваа уникатна бонбониера е само 14.000 долари