Rothschild ја продава кондиторската компанија на украинскиот претседател

82

roshen

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека ќе ја продава својата кондиторска компанија Roshen преку инвестициската компанија Rothschild.

“Потпишав договор со позната светска и најдобра компанија во тој домен. Компанијата Rothschild сега бара купувачи. Веќе се јавија тројца потенцијални купувачи и ги анализираат правниот статус и финансиските перформанси”, изјави Порошенко на брифингот при обраќањето во парламентот, пишува Спутник.

Компанијата Roshen годишно произведува околу 450.000 тони чоколада, желе бонбони, карамели, кекси и колачи. Roshen има фабрики во Украина, Литванија, Унгарија и Русија.