РТС: Американците ги одбија услугите на Air Serbia

28

air-serbiaСАД го одбија барањето на српската авиокомпанија Air Serbia да ги понуди своите услуги на американскиот пазар преку код-шер договори со Etihad Airways и други компании, наведувајќи дека таквата одлука не би била од јавен интерес, потврдиле од американското министерство за сообраќај за РТС.

Според одлуката на американското министерство, српската авиокомпанија е одбиена поради недоволно разјаснети детали во врска со сопственоста и контролата над Air Serbia.

САД и Србија немаат билатерален договор за воздушни услуги, па одделението за лиценцирање на американското министерство има дискреционо право да оцени дали прифаќањето на српското барање би било во согласност со јавниот интерес, јавува РТС.

На 1 август 2013 година, ЈАТ го промени името во Air Serbia, кога српскиот авиопревозник потпиша договор за стратешко партнерство со Etihad Airways од Абу Даби, кој презеде 49% од ЈАТ, а државата со 51% удел остана мнозински сопственик.