Рубини: Стагфлацијата е тука, а централните банкари се заробени

93

Глобалната економија е на пат кон стагфлација и централните банкари би можеле да бидат фатени во стапицата на обидот да ја нормализираат монетарната политика, изјави економистот Нуриел Рубини, познат и како „Доктор пропаст“ поради неговите мрачни, но главно точни прогнози.

„Светската економија претрпува радикална промена на режимот“, рече тој во авторски текст за Project Syndicate во вторникот, најавувајќи го крајот на времето кога економиите уживаа ниска инфлација и висок раст.

Глобалните економии имаат повисоки нивоа на долг од порано, што ја поставува основата за потенцијален неуспех на централните банки.

„Затоа, централните банки се заглавени во „ должничка замка “: секој обид за нормализирање на монетарната политика ќе доведе до зголемување на товарот за сервисирање на долгот, што пак ќе доведе до големи несолвентности, каскадни финансиски кризи и пад на реалната економија “, изјави Рубини.

Во последните изјави Рубини даде прогнози дека вредноста на акциите може да падне и до 50 отсто, а предвидувањата за блага рецесија ги нарече заблуди.