Рубљата на најниско ниво во однос на доларот од почетокот на војната во Украина

83

Рубљата падна на најниската вредност во однос на американскиот долар од првите денови на војната во Украина.

Падот на 95 рубљи во однос на доларот го продолжи постојаното слабеење на руската валута од почетокот на годината, кога еден долар можеше да се купи за околу 65 рубли.

Како резултат на тоа, рубљата загуби околу 30 отсто од својата вредност од почетокот на годината.

Рубљата денеска вреди најмалку од 28 март 2022 година, пишува Бета.

По инвазијата на Украина од страна на руските воени сили на 22 февруари 2022 година, рубљата падна на околу 120 за долар, но набрзо закрепна по мерките на руската централна банка.