Ручекот во ресторан станува поскап – Раст на цените во угостителството

Цените на угостителските услуги во февруари 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари 2026 година цените на угостителските услуги во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.2 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – февруари 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.3 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.3 %.

По групи, цените во угостителството,  во февруари 2026 година во однос на јануари 2026 година се зголемени кај групата Храна за 0.3 % и групата Алкохолни пијалаци за 0.2 %, додека кај групите Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.