Рудникот Бучим успешно ја завршува годинава

343

bucim Рудникот Бучим ја имаше една од најуспешните години од неговото формирање од 1979 година, што се должи на успешно реализираното производство и релативно намалените трошоци, информираше Николајчо Николов, заменик-генерален директор на рудникот за бакар Бучим.
Според Николов, се очекува рудникот да продолжи да работи со истото темпо и во следната година, за што веќе се отвораат нови рудни тела. За позитивниот економски резултат на компанијата тој ја посочи новата изградена фабрика за катоден бакар.

“Новата изградена фабрика за катоден бакар во многу ја помогна целокупната економија во Бучим, за тоа што цената на добиениот катоден бакар по таа технологија е за 50 проценти пониска од стандардната технологија, која што троши многу енергијата. Ова се случи за прв пат во Македонија еден рудник да произведува готови производи, покрај производството на полупроизводи од бакар, цинк и олово. Годинава Бучим ќе стигне до 2.000 тони произведен катоден бакар”, изјави Николов.