Навикнавме на футуристичкиот дизајн на голем број уреди, но ретко се случува инспирација за нивната форма да дојде од минатото. Компанијата Mono.hm од Калифорнија следната недела планира и официјално да го претстави новиот уред со името Runcible, пишува Cnet.
Овој паметен уред има кружен облик, дрвено куќиште, а е дизајниран за секојдневна и едноставна употреба. Екранот е сместен на предната, а камерата на задната страна.
Од компанијата се надеваат дека со овој неконвенционален дизајн ќе привлечат купувачи на кои сегашниот изглед на паметните телефони им е премногу здодевен.
Runcible има поголем број од функциите како и останатите мобилни телефони. Преку него може да се извршуваат разговори, да се пребарува на интернет, да се испраќаат пораки и фотографии, но не може да се користат апликации.