Руси сакаат да прават Лас Вегас во Бугарија

48

Руски инвеститори најавуваат интерес за одморалиштето Сончев Брег. Според локалните агенции за недвижности, во последните месеци масовно се купувале мали и средни хотели, кои биле на продажба.

Русите плаќаат веднаш и не се пазарат за наведените цени. Станува збор за неколку компании кои купувале во името на одреден руски олигарх. Но, не е јасно за кој милијардер станува збор. Амбицијата на Русинот била да изгради над 60 казина во одморалиштето и на тој начин да го претвори во најголемиот коцкарски центар на Балканот.

Казината и салите ќе бидат во состав на самите хотели. Сумата која се очекува да биде потрошена надминува 300 милиони евра.