Русија драстично ги зголеми приходите, пренасочувајќи ја продажбата на нафта во Кина и Индија

82

Русија минатиот месец заработила 1,7 милијарди долари повеќе отколку во април, според Меѓународната агенција за енергетика.

Кинескиот увоз на руска нафта во мај се зголеми за 28 отсто во однос на претходниот месец, достигнувајќи рекордно високо ниво.

Тоа, според кинеската статистика, и помогна на Русија да ја престигне Саудиска Арабија како најголем снабдувач на Кина.

Индија, која купуваше малку руска нафта, сега купува повеќе од 760.000 барели дневно, според транспортните податоци што ги анализира Кплер, компанија за истражување на пазарот, пренесува „Њујорк тајмс“.

Иако Русија продава нафта со голем попуст поради ризиците поврзани со санкциите воведени поради специјалната воена операција во Украина, зголемувањето на цените на енергијата го надомести тоа. Русија минатиот месец заработила 1,7 милијарди долари повеќе отколку во април, според Меѓународната агенција за енергетика.

Ристад енерџи, независна компанија за истражување и деловна анализа, рече дека продажбата на руска сурова нафта во Европа паднала за 554.000 барели дневно од март до мај, но азиските рафинерии ја зголемиле потрошувачката за 503.000 барели дневно.

Аналитичарите сметаат дека комбинацијата од намалената руска сурова нафта и повисоките цени на пумпата значи и дека индиските рафинерии профитираат двојно повеќе. Некои од нафтените продукти што Индија ги извезува се испорачани во САД, Велика Британија, Франција и Италија, покажуваат податоците на Центарот за истражување на енергија и чист воздух со седиште во Финска.