Федерацијата за работодавци во Украина соопшти дека руската царина ги вклучила во список на ризични сите извозници од Украина, што всушност значи дека го блокира увозот на украинска стока на неодредено време.
Во соопштението се наведува дека руската царинска служба во јули на списокот на ризични извозници од Украина имала 40 превозници, но дека од средата ги вклучила апсолутно сите.
“Во суштина, се работи за целосна блокада на украинскиот извоз на неодредено време, на недела или дури на месеци” наведува Федерацијата на работодавци на Украина.