Русија го казни WhatsApp со 298 илјади долари

61

Рускиот суд денеска изрече казна од 18 милиони рубљи (298.507 долари) на услугата за пораки WhatsApp, која е во сопственост на Меtа, објави агенцијата ТАСС.

Казната е изречена затоа што WhatsApp наводно не успеал да ја локализира својата база на податоци за корисници на руска територија.

Руската агенција потсетува дека за сличен прекршок претходно била казнета и компанијата Snap, сопственик на услугата Snapchat.