Русија го забрани извозот на отпад од легура во „непријателските земји“

53

Русија забрани извоз на отпад од метална легура во непријателските земји, изјави денеска заменик министерот за индустрија и трговија Виктор Евтухов за новинарите, пренесe ТАСС.

„Извозот на отпад од легура во непријателските земји е забранет, што сочинува 90 отсто од вкупниот обем на тој руски извоз и кој се користи како главна суровина за производство на нерѓосувачки челик и други видови специјално валани челици“, рече Евтухов.