Русија гради невидлив брод

41

Русија гради брод на којшто целосно ќе биде применета стелт технологија, којашто му помага да биде тешко да се открие, јавува Риа новости.

Трупот на бродот Меркур веќе е направен, а се очекува да биде испорачан на морнарицата следната година. Бродот ќе биде опремен со крстаречки ракети, противвоздушен ракетен систем, а исто така ќе може да открива и уништува подморници.

Русија досега во изградба на бродови досега користеше одредени елементи на стелт технологија, вклучувајќи посебни премази, но целосно не била применета.

Меркур ќе биде првиот брод во руската морнарица што ќе има специјален премаз на целата површина. Според прелиминарните проценки, бродот од 100 метри ќе емитува сигнал како мал чамец.

Фото: Freepik