Русија гради облакодер од 462 метри за Гинис

24

lahta-center

Во рускиот град Санкт Петербург беа поставени темелите на највисоката кула во светот, по што беа запишани во Гинисовата книга на рекорди, јавува Ројтерс.

Пред преставниците на Гинисовата книга на рекорди, во темелите на овој облакодер беа истурени 20.000 кубни метри бетон. Целиот тој процес траеше 49 часа.

Овој облакодер ќе го носи името Lahta и ќе биде висок 462 метри. Во него ќе бидат сместени голем број компании, а меѓу нив ќе се најде и седиштето на Газпром.

Се очекува Lahta да биде целосно готова во 2018 година.