Русија и Кина подготвија договор за снабдување со гас

30

Русија и Кина подготвија нацрт на меѓувладиниот договор за испорака на гас преку далечниот исток, се вели во декретот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, пренесува РИА Новости.

Договорот вклучува изградба на прекуграничен дел преку реката Усури во областа на рускиот град Далжереченск до кинескиот град Хулин.

Треба да се напомене дека овој документ ги дефинира условите за соработка меѓу двете земји во однос на снабдувањето со гас, а ќе помогне и за зајакнување на координацијата во енергетскиот сектор.

На почетокот на февруари минатата година, компанијата Газпром потпиша долгорочен договор со Кинеската национална компанија за нафта и гас за извоз на десет милијарди кубни метри гас годишно преку далечниот исток.

Се предвидува дека вкупниот обем на испораките на компанијата ќе се зголеми на 48 милијарди кубни метри по реализацијата на проектот.

„Газпром“ во моментов ја снабдува Кина со природен гас преку гасоводот „Силата на Сибир“.

Извозот по тој пат на крајот на минатата година изнесуваше 15,5 милијарди кубни метри. Како што напредува проектот, се планира до 2025 година обемот на испораки годишно да се зголемува до проектираниот годишен капацитет од 38 милијарди кубни метри.

Фото: Pixabay