Русија и ОАЕ ќе прават нов суперсоничен патнички авион со брзина до 1,8 маха

69

Обединетата авио-корпорација на Русија и државниот инвестициски фонд на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе основаат заедничка компанија за развој на нов мал суперсоничен патнички авион, најави рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров.

“Отворено е прашањето за учество во капитал и околу тоа мора уште да разговараме“, изјави рускиот министер, потврдувајќи дека кон крајот на годинава или на почетокот на следната, светската јавност ќе има можност да го види дизајнот на авионот.

Сепак, познато е дека целта на конструкторите е новиот авион да може да развие брзина до 1,8 маха, а ќе се произведува во две верзии – со осум и со 30 патнички седишта.

Фото: Pixabay