
Русија ја задржа својата позиција како главен снабдувач на природен гас и нафта за Турција во 2023 година, објави турскиот весник Хуриет, цитирајќи податоци од локалната агенција за регулирање на енергетскиот пазар. Русија е главен извозник на природен гас во Турција со учество од 59,14 отсто во октомври минатата година, пренесува Тас.
Турција увезе 49,93 отсто од својата нафта од Русија во октомври 2023 година, а една година претходно уделот на руската нафта на турскиот пазар беше 40,74 отсто. Претходно локалните медиуми објавија дека Турција минатата година заштедила околу две милијарди долари благодарение на зголемениот увоз на руска нафта и нафтени деривати.
Симбол на билатералната трговско-економска соработка меѓу Анкара и Москва е првата турска нуклеарна централа Акују, која ја гради руска страна. Нуклеарната централа Акују треба да започне со производство на струја во 2024 година, а турските власти претходно најавија дека тоа би можело да се случи на 29 октомври, кога Турција го слави државниот празник Денот на Републиката, пренесува Танјуг.











