Русија им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат нејзиниот воздушен простор

Русија денеска им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат рускиот воздушен простор како одмазда за санкциите што го засегаат рускиот авијациски сектор.

Меѓу компаниите на кои им е забрането да го користат рускиот воздушен простор се и оние од Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и од Канада, пренесува „Ројтерс“.

Европската Унија вчера одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони, а на таа одлука ѝ се приклучија и други земји, кои не се членки на Унијата.