Русија извезла рекордни 72 милиони тони жито во 2024 година

Извозот на жито од Русија достигна рекордни 72 милиони тони во 2024 година, објави федералниот Агроекспорт центар.

Cпоред проценките на аналитичкиот центар „Русагротранс“, извозот на жито од Русија е зголемен за околу пет отсто во споредба со претходната година, кога изнесуваше 68,6 милиони тони, пренесе ТАСС.

Најголеми увозници на руско жито во 2024 година беа Египет, со 11,1 милиони тони, потоа Турција (7,2 милиони тони), Иран (5,6 милиони тони), Саудиска Арабија (4,6 милиони тони) и Бангладеш (3,9 милиони тони).