Русија ја пренасочува нафтата кон Азија, Африка и Латинска Америка

123

Русија ќе ги пренасочи испораките на нафта не само во азиските земји, туку и во Африка и Латинска Америка, изјави вицепремиерот Александар Новак на форумот „Руска енергетска недела“.

„Во однос на пренасочувањето, најголемиот дел од нашата нафта ќе биде насочена кон азиско-пацифичкиот регион, кон Индија, Пакистан и други земји во таа насока. Конкретно на земјите од Африка и Латинска Америка, односно на оние на кои им се потребни нашите енергетски ресурси“, рече Новак, пренесува ТАСС.
Вицепремиерот Александар Новак изјави дека нафтата ќе биде пренасочена во оние земји на кои им се потребни нивните енергетски ресурси.