Русија ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годината

58

Руската влада воведе забрана за извоз на бензин од септември до крајот на годината со цел да обезбеди „стабилни услови“ на домашниот пазар по големиот скок на цените, пренесува француската новинска агенција АФП.
Москва првично воведе шестмесечна забрана во март, но ја укина помеѓу мај и јули.

Како што беше најавено во Москва, владата со оваа мерка сака да ги стабилизира цените на нафтата и да одговори на побарувачката во време кога се планираат работи за одржување во рафинериите за нафта.

Русија првично ја воведе забраната во март, но ја укина во мај, бидејќи ситуацијата на домашниот пазар се смири.

Според АФП, ограничувањата нема да влијаат на испораките што Русија ги прави според меѓувладините договори, вклучително и до Белорусија, Казахстан, Киргистан и Ерменија.

И покрај огромните резерви на гориво, Русија воведе слична забрана за извоз на дизел и бензин минатата година бидејќи цените на пумпите ја намалија куповната моќ на Русите веќе погодени од слабеењето на рубљата поради западните санкции. Минатата година Русија извезла 43,9 милиони тони бензин, пренесува AFP.