Русија ја затвора славината: Европа ќе остане без руски гас?

25

Русија би можела да затвори една од последните артерии за транспорт на руски гас во Европа.

Тоа би можело да се случи до крајот на следната година кога истекува договорот за испорака на Украина со Гаспром, пишува Ројтерс, повикувајќи се на извештај на Financial Times.

Мали се шансите Киев и Москва да се согласат да го обноват петгодишниот договор за транзит кој првпат беше потпишан во 2019 година, иако рутата низ Украина сочинува речиси 5 отсто од вкупниот увоз на гас во Европа, објави Фајненшл тајмс.

Украинскиот министер за енергетика Германо Галушченко за ФТ изјави дека не гледа можност Киев повторно да преговара за договорот со Москва по минатогодишната инвазија.

„Навистина не можам да замислам како тоа би можело да биде билатерално“, рече Галушченко, додавајќи дека Украина се подготвува за намалување на снабдувањето.

Цените на гасот во Европа пораснаа минатата година поради заканата на Гаспром да го прекине протокот кон Молдавија, бидејќи рутата за снабдување, која минува низ Украина, е последниот функционален руски гасен коридор кон Европа.

Европската унија инвестираше многу во увозот на ЛНГ минатата година и усвои регулативи за зголемување на складирањето за да се справи со недостигот откако руските испораки на гас во Европа се намалија по рускиот напад врз Украина.