Русија ќе добие затворен тематски парк – DreamWorks

22

DreamPlay-600x415

Во Москва, Русија, овој месец ќе почне да се гради тематски парк во знакот на филмското холивудско студио DreamWorks.

Паркот, во стилот на Дизниленд, ќе биде најголемиот од ваков тип во Европа и ќе зафаќа површина од 293.900 метри квадратни. Посетителите ќе можат да уживаат во кино сали, тематски кафулиња, шопинг, добра храна, прошетки низ зоните за забава и слично.

Забавниот парк ќе биде сместен во областа Нагатинскаја Појма, а ќе вклучува и концертна сала, хотелски комплекс и школа за возење јахти.

Дизајниран е специјално да може да работи преку цела година, дури и во најстудените руски зими. Зданието ќе се наоѓа близу до уште еден тематски парк каде ќе биде претставено руското студио за анимација Soyuzmultfilm.

DreamWorks паркот треба да биде комплетиран во 2018 година.

DreamPlay-at-the-City-of-Dreams-Manila-600x425