Русија ќе гради нуклеарки во Индија – двете земји развиваат привилегирано стратешко партнерство

26

06573_44a660effa27f43d78af85d67dd992f3

Рускиот претседател Владимир Пути и индискиот премиер Нарендра Моди прогласија партнерство меѓу двете земји со потпишување на договори за соработка во одбраната, енергетиката и други области, јавува BBC.

Потпишани се договори за соработка во вредност од 150 милијарди долари, главно од областа на одбраната.

Путин најави дека Русија планира да гради неколку нуклеарни централи во Индија во следните 20 години.

“Ја гледам Русија како истакнат партнер на економската трансформација на Индија”, изјави Моди при посетата на Москва. Моди сака Русија да учествува во разни инфраструктурни проекти, затоа што неговата влада се стреми да ја подобри железничката мрежа во Индија и да изгради нуклеарни централи за да се задоволат растечките потреби за електрична енергија.