Русија ќе ја забрани продажбата на нафта на земјите кои воведуваат ценовни ограничувања

87

Москва ќе ја забрани продажбата на нафта на земјите кои ќе се приклучат на ценовното ограничување на рускиот дериват, најави вицепремиерот и министер Александар Новак.

„Овој декрет за одмазднички мерки објавени од претседателот Владимир Путин вклучува забрана за снабдување со нафта и нафтени деривати на оние земји и оние компании кои ќе бараат почитување на плафонот на цените воведен од Европската унија во нивните договори“, рече Новак.

Тој рече дека ако Русија мора да ја користи оваа забрана, ќе мора и да го намали производството на нафта за пет до седум отсто или 500.000 до 700.000 барели дневно.

Ограничувањето на цената на руската нафта во ЕУ од 60 долари за барел стапи на сила на 5 декември, заедно со забраната за транспорт на руска нафта во земјите на ЕУ по морски пат.

Освен земјите од ЕУ, на ограничувањата се приклучија и Групата седум земји и Австралија.