Руското претпријатие Сојузплодоимпорт ќе почне да продава руско виски под брендот Stoli. Компанијата планира по добивањето на лиценца, да започне со производство во Русија.
Новото руско виски ќе биде “обично виски, приготвено целосно од руски производи”, пишува Ведомости.
Малопродажната цена ќе изнесува меѓу 600 и 650 рубљи (околу 10 евра) за шише од 0,75 литри.