Русија ќе подготви список на суровини кои се забранети за извоз во непријателските земји

79

Русија ќе подготви список на суровини кои се забранети за извоз во земји кои ги смета за непријателски, изјави  вицепремиерот на Русија Александар Новак.

Според него, забраната ќе вклучува „прилично голема листа на производи кои денес се барани на светските пазари“, а меѓу нив ќе бидат и минералите и енергетските производи, пренесува Комерсант.

Тој додаде дека владата ја анализира можноста за забрана на извозот за да може руските индустрии да продолжат да се развиваат без тешкотии поради овие ограничувања.