Русија мора да плати отштета од 50 милијарди долари за случајот Јукос

70

Employee of embattled Russian oil company YUKOS oversees the loading of rail tanker cars to be sent to China in Angarsk

Русија мора да плати отштета од 50 милијарди долари на акционерите на поранешниот нафтен гигант Јукос, по пресудата на Меѓународниот арбитражен суд во Холандија.

Судот по десет години донесе пресуда според која руските власти ја прекршиме Енергетската повелба на Европската унија при експропријација на имотот по банкротот на Јукос во 2003 година. Русија, освен отштета, која е помалку од половина од износот што го бараа оштетените – 114 милијарди долари, ќе мора да плани и 65 милијарди долари судски трошоци.

Рокот за исплата на отштетата е јануари следната година, по што ќе почне пресметка на камата.

Се очекува Русија да поднесе жалба на пресудата во корист на компанијата регистрирана на Гибралтар – Group Menatep Limited, која некогаш најбогатиот Русин, Михаил Ходорковски, ја користеше за управување со Јукос.

Случајот Јукос, еден од најпознатите во Русија, е голема тема во светот повеќе од 11 години. Руските власти во 2003 година го обвинија руското раководство на тогаш најголемата руска нафтена компанија за корупција, затајување на данок, перење пари и измама, а по серијата судења Русија го доби најпознатиот затвореник – олигархот Михаил Ходорковски.