
Русија може да стане четврта по големина економија во светот до 2030 година, под услов да одржува економски раст од најмалку два отсто годишно и постепено да се забрза до три отсто, изјави првиот заменик-премиер на Русија Андреј Белоусов.
Тој изјави дека, според податоците на Светска банка од август 2023 година, руската економија е на петтото место на листата на најголеми економии во светот во однос на БДП и паритет на куповна моќ, зад Кина, САД, Индија и Јапонија, пренесува ТАСС.
Белоусов се осврна и на високото ниво на инвестициска активност во Русија.
„Врз основа на минатогодишните податоци, инвестициите во основни средства пораснаа за 9,8 отсто, речиси три пати побрзо од растот на БДП“, додаде тој.
Според него, важно е да се задржи брзиот раст на инвестициите во текот на целиот период меѓу 2025 и 2030 година.
Федералната статистичка служба на Руската Федерација прелиминарно проценува дека економскиот раст на Русија во 2023 година бил 3,6 отсто.
Руското Министерство за економски развој очекува БДП на Русија да порасне за 2,3 отсто во 2024 година.











