Русија може да влезе во првите 10 светски извозници на чоколадо

47
Оваа година Русија може да биде меѓу првите десет извозници на чоколадо во светот и со тоа да ја престигне Швајцарија, според Здружението на кондиторска индустрија Асконд.
Русија може да ја надмине Швајцарија и за првпат да влезе во десетте водечки дистрибутери на чоколадо во светот – се наведува во прогнозата Асконд, објавена во документите на Федералниот центар за развој на земјоделски извоз при руското министерство за земјоделство. Како што е прецизирано, во последните пет години испораките на чоколадни производи се удвоија, а во 2020 година беше надмината бројката од 300.000 тони.

Според проценките, оваа година Русија може да испорача чоколадо во вредност од над 760 милиони долари, тврди Асконд.
Во моментов, околу 120 кондиторски компании во Русија се занимаваат со извоз, што е за 72% повеќе отколку во 2019 година.

Оваа година, руското чоколадо и чоколадни производи беа извезени во повеќе од 75 земји, а водечки купувачи остануваат земјите од ЗНД, а меѓу првите пет купувачи се Азербејџан и Кина. Покрај тоа, оваа година, руски чоколадни производи за првпат беа доставени во Непал, БиХ и Северна Македонија. Русија е на прво место во испораката на чоколадни производи во Кина. Русија е исто така меѓу 15 -те најголеми светски увозници на зрна какао.