Русија најде решение за заминување на гигантот ИКЕА

79

– Белорускиот производител на мебел Свед Хаус (Swed House)планира да ја пополни празнината што ја остави „ИКЕА“ на рускиот пазар – изјави во понеделник шефот на Сојузот на трговски центри, Булат Шакиров, цитиран од ТАСС.

Според условите на договорот за соработка, потпишан меѓу оваа организација и „Swed House“ – компанија која продава додатоци за домот слични на оние што ги прави „IKEA“, се очекува белоруската компанија да отвори до десет продавници во Москва до крајот на годината.

Во наредните години низ државата би можеле да бидат отворени уште 50 продавници.

Според RT, врз основа на изјавите на Шакир, „Swed House“ планира да отвори продавници во Москва со површина до 1.000 квадратни метри. Тој исто така рече дека синдикатот започнал преговори белоруската компанија да стане закупец на трговските центри Мега, кои ги продаваше ИКЕА.

– Неодамна добивме повеќе од 100 барања од трговски центри кои сакаат да бидат домаќини. Не е важно каде ќе се наоѓа – во центарот на Москва, на обиколницата или во населени места – нагласува Булат Шакиров, додавајќи дека домашните производи и текстил несомнено ќе бидат многу барани.

Ингка Груп, шведската компанија која поседуваше продавници на ИКЕА и трговски центри Мега во Русија, во март се приклучи на долгата листа на меѓународни корпорации кои ја прекинаа работата во таа земја, поради војната во Украина.

Најголемиот светски производител на мебел соопшти дека ќе продава фабрики, ќе затвори канцеларии и ќе ја намали својата работна сила од 15.000 лица во Русија.

Фото: Printscreen