Русија очекува трговската размена со Кина да достигне 200 милијарди долари

83

Руското Министерство за надворешни работи  соопшти дека очекува зголемување на прометот на стоки со Кина, како и дека обемот на трговската размена со Пекинг ќе достигне 200 милијарди долари до 2024 година, пренесе Интерфакс.

Во соопштението на Министерството се вели дека кинеските компании мора да бидат свесни за ризиците од секундарните санкции, но се додава дека Пекинг е подготвен да ја прошири соработката со Москва.

Руското министерство очекува трговската размена да достигне 200 милијарди долари.