
Русија ќе го забрани извозот на бензин на шест месеци од 1 март, изјави портпаролката на Александар Новак, вицепремиер задолжен за надзор на енергетскиот сектор во земјата.
Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделците и да овозможи планирано сервисирање на рафинериите.
Некои земји ќе бидат изземени
Русија усвои слична забрана помеѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите домашни цени и недостигот.
Само четири земји беа изземени – Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, кои некогаш беа дел од Советскиот Сојуз и сега ја формираат Евроазиската економска унија.
Овие четири земји треба повторно да бидат изземени, заедно со Монголија, Узбекистан и двата отцепени региони на Грузија поддржани од Русија – Јужна Осетија и Абхазија.











