Русија одобри полесен визен режим за граѓаните на 19 земји

49

Во вторникот, рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша декрет со кој се одобрува полесен визен режим за граѓаните на 19 земји.

Граѓаните на тие земји можат да добијат туристичка виза до шест месеци доколку имаат хотелска резервација, се вели во уредбата објавена на рускиот владин портал, јавува Anadolu Agency.

На списокотт земји се Бахреин, Брунеи, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија, Иран, Демократска Народна Република Кореја, Кувајт, Лаос, Малезија, Мексико, Мјанмар, Оман, Саудиска Арабија, Србија, Тајланд, Турција и Филипините.

На 15 февруари, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи во Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, објави дека Русија планира во блиска иднина да воведе безвизен режим со 11 земји, како и режим за ублажување на визниот режим со шест земји.

До 1 јуни МНР ќе објави извештај за можноста за воведување електронски визи за граѓаните на уште 70 земји, рече тој и вети дека „нема да има проблеми за пријателските земји“.