Русија останува најголемиот снабдувач на нафта во Кина

31

Во јули Русија остана најголем снабдувач на нафта за Кина трет месец по ред, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци од  кинеската царинска управа.
Во јули Кина увезуваше околу 1,68 милиони барели нафта дневно од Русија, додека во мај Русија извезуваше рекордни речиси два милиони барели нафта дневно во Кина, пренесува РИА Новости.

Увозот на нафта од Саудиска Арабија во Кина минатиот месец изнесуваше 1,54 милиони барели дневно.

Таа бројка се зголеми откако во јуни беше најниска за повеќе од три години.