Русија планира да изгради луксузен хотел во вселената

5

stargate-3002013_960_720

Фото: Pixabay

Руската вселенска корпорација Roscosmos планира да изгради луксузен хотел во вселената, каде што престојот би чинел 40 милиони, а за дополнителни 20 милиони ќе биде обезбедена “прошетка“ со космонаут, пишува Engadget.

Рускиот вселенски изведувач RKK Energia ја осмисли оваа стратегија за да може да плати за изградбата на вториот модул. Иведувачот веќе го гради првиот од двата модули со цел да послужи како вселенска лабораторија и електроенергетска станица.

Внатрешноста на хотелот ќе има четири простории за ноќевање со големина од два кубни метри и со прозорци од 22,8 сантиметри.

Ќе вклучува и две медицински и хигиенски станици, како и дневен престој чии прозорци ќе бидат со големина од 40,6 сантиметри. RKK Energia се надева дека ќе може да однесе еден или двајца туристи со нивните вселенски летала. За да може да започне со изградба, компанијата мора да најде 12 богати патници кои ќе сакаат да платат четири милиони долари однапред. Доколку барем шест патници платат за еднонеделен престој во вселената, инвестицијата може да се врати за седум години.

Според RKK Energia, за комплетирање на модулот потребни се пет години и затоа во најскоро време ќе започне со изградба.